(Видео) Трипуновски: МВР врши жесток притисок врз земјоделците кои протестираат поради ниските откупни цени

(Видео) Трипуновски: МВР врши жесток притисок врз земјоделците кои протестираат поради ниските откупни цени

 

 

Ковачевски и Николовски преку Министерството за внатрешни работи на Спасовски вршат жесток притисок вез земјоделците, кои преку протести го изразуваат својот револт од неспособноста на владата да обезбеди пласман за нивните земјоделски производи, истакна на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е барање за поведување на прекршочна постапка против 9 лица од Кочанско, сите членови на Иницијативниот одбор на оризарите, кои протестираа со блокади на патот Кочани – Штип, заради отсуството на откуп и нормални откупни цени на оризот. Власта ја злоупотребува полицијата и сака да ги заплаши оризарите да не излегуваат и да не го користат нивното со Устав загарантирано право на протест“, додаде тој.

 

Категории: Вести