Утре ќе се прска против комарци – Пчеларите да преземат мерки за заштита

Утре ќе се прска против комарци – Пчеларите да преземат мерки за заштита

Утре ќе се изврши втората фаза на авионско и теренско прскање против ларви на комарци, па затоа од град Скопје информираат пчеларите да ги преземат неопходните мерки на заштита на нивните пчелни колонии.

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден (27.04.2021 година, вторник) на подрачјето на градот Скопје ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.

Авионската дезинсекција (втора фаза) против ларви од комарци ќе се врши во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција (втора фаза) ќе се реализира во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат прскањето, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, стои во соопштението на град Скопје.

Категории: Вести