Цената на житариците продолжува да расте

Цената на житариците продолжува да расте

 

ФАО Индексот на цените на житните култури во октомври во просек изнесуваше 137,1 поени, што е за 3,2 % повеќе во однос на септември и 22,4 % над нивото од пред една година. Глобалните цени на сите главни житни култури се зголемуваат од месец во месец. Цената на пченицата продолжи да расте и во петтиот последователен месец, зголемувајќи се за дополнителни 5 % во октомври, што придонесе цената да биде за 38,3 % повисока од претходната година. Дополнително, моменталната цена на пченицата го достигна највисокото ниво од ноември 2012 година.

Ниската достапност на глобалните пазари поради слабата жетва кај главните извозници, особено Канада, Руската Федерација и Соединетите Американски Држави, придонесе кон зголемување на цените. Намалените глобални залихи на пченица со повисок квалитет, исто така, влијаеа врз растот на цената. Глобалните цени на јачменот се зголемија најмногу во октомври, поткрепени со силната побарувачка, намалено производство и зголемувањето на цените на другите пазари.

Светските цени на пченката се зголемени, пред сѐ, поради намена на произведената пченка за енергетските пазари. Сепак, зголемените сезонски залихи и прекинот на забраната за истовар на пристаништата во Соединетите Американски Држави го ограничија зголемувањето на цените на пченката. Меѓународните цени на оризот, исто така, дополнително се зголемија во октомври, иако почетокот на жетвата на главните култури во различни азиски земји-добавувачи допринесе кон зголемена сигурност и умерени флуктуации во поглед на цената.

житарици

Извор: ФАО

житарици

Извор: ФАО

житарици

Извор: ФАО

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Пазари