Цените на горивата повторно одат нагоре

Цените на горивата повторно одат нагоре

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,299 ден/кг и сега ќе изнесува 38,018 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,50  ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 63,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит.

 

Категории: Вести