Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 %.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 ден/кг воден/кг и сега ќе изнесува 37,719 ден/кг.
Малопродажните цени бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,50, а малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 1 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит. Цената пак, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 62,50 ден/лит.