Цените на растителните масла и понатаму опаѓаат – дали ќе се задржи овој тренд?

Цените на растителните масла и понатаму опаѓаат – дали ќе се задржи овој тренд?

 

ФАО индексот на цените на растителното масло во јуни во просек достигна 157,5 поени, паѓајќи за 17,2 поени (или 9,8 проценти) од претходниот месец и бележи најниско ниво во период од четири месеци. Значителниот пад од месец во месец е поради пониските цени на маслото од палма, соја и сончоглед. По зголемувањето кое го имаше во дванаесетте последователни месеци, меѓународните цени на палмино масло се намалија во јуни, главно под влијание на високите сезонски приноси во производството во водечките земји-производители и намалена побарувачка за увоз. Во меѓувреме, намалената глобална побарувачка за увоз, исто така, се одрази негативно врз цените на сојата и сончогледовото масло. Во случај на маслото од соја, очекувањата за ран откуп од страна на производителите на биодизел во Соединетите Американски Држави дополнително ги намалија цените. Спротивно на тоа, меѓународните цени на маслото од репка го издржаа овој тренд на намалени цени на растителните масла.

Цените на растителните масла

Извор: ФАО

Цените на растителните масла

Извор: ФАО

Цените на растителните масла

Извор: ФАО

 

Фото:   fitibility.com

Автор: Марио Петковски

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Вести, Пазари