(Видео) Како Саудиска Арабија ја претвора пустината во огромни земјоделски површини

(Видео) Како Саудиска Арабија ја претвора пустината во огромни земјоделски површини

 

Кога повеќето од нас помислуваат на Блискиот Исток и Саудиска Арабија, мислиме на жешкото сонце, бескрајниот простор прекриен со песочни дини и една од најнегостопримливите клими на Земјата. Но, дали овој регион отсекогаш бил таков? Пред околу 10.000 години овој регион бил богат со пространи пасишта, шуми и џунгли напоени од поројни монсунски дождови исто како во тропските области на југоисточна Азија.

Освен нафтата, која ја има во изобилие, Саудиска Арабија под својот песок крие уште еден, многу поскапоцен ресурс – ВОДА! Благодарение на огромните водни ресурси длабоко под пустинскиот песок, Саудиска Арабија би можела да ја трансформира пустината во обработливо земјиште. Освен што ја има под земја, ја има во изобилие и околу Арапскиот Полуостров. Со низа методи за десалинизација – Саудијците ја користат и водата од околните мориња во земјоделските потфати.

Иако има незначајна количина на врнежи на годишно ниво, сепак Саудиска Арабија извезува пченица, зеленчук и овошје ширум светот. Уште во деведесетите години од минатиот век Саудиска Арабија беше еден од најголемите извозници на пченица во светот. Во следното видео ќе погледнеме на кој начин Саудијците го користат ова непроценливо богатство (водата) во земјоделски цели.

 

Категории: Вести, Зелен развој