Крај за опасните нивоа на тешки метали во исхраната – Како ќе се заштитат Европјаните?

Крај за опасните нивоа на тешки метали во исхраната – Како ќе се заштитат Европјаните?

 

 

Европските граѓани ќе бидат заштитени од превисоката изложеност на тешките метали кадимум и олово кои наскоро ќе бидат ограничени со нови довзолени нивоа за присуство во исхраната.

Целта на мерките  е дополнително да се намалат присуството на канцерогени метали во храната, и да се зголеми достапноста на здравата храна, што е клучна цел на „Европскиот план за борба против карциномот“, се вели во соопштението на Европската комисија.

За одредени прехранбени производи ќе се бара од производителите да го исполнат ова барање од денот на стапување во сила на новата регулатива, а на други ќе им биде дозволен краток преоден рок.

Кадмиумот е токсичен тежок метал поврзан со голем број на видови на карцином. Големи количини на кадмиум има во: житарките и производите од житни култури, зеленчукот, оревите и мешунките, скробните корени или компирите и месото и месните производи. Исто така и oловото може да се најде во голем број прехранбени производи, како зачини, сол и храна за доенчиња.

Одлуката произлегува од две мислења на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) за кадмиум и олово во храната во 2009 и 2010 година. И двете мислења на ЕФСА предупредуваа за сегашните нивоа на изложеност во исхраната, нагласувајќи дека изложеноста на кадмиум често ги надминува препорачаните граници и дека сегашните нивоа на изложеност на олово во исхраната може да влијаат на невролошкиот развој кај фетусите, доенчињата и децата.

Стела Кирјакидес, комесар за здравје и безбедност на храна, кажа дека одлуката е „да ги ставиме потрошувачите на прво место со тоа што ќе ја направиме нашата храна побезбедна и поздрава, како што се обврзавме да го сториме во планот за рак на ЕУ“.

„Тоа е исто така чекор понатаму во зајакнувањето на веќе високите и светски стандарди на Европската Унија во синџирот на исхрана на ЕУ и обезбедување побезбедна, поздрава и поодржлива храна за нашите граѓани“, додаде таа.

Наметнувањето на новите европски стандарди за дозволените количини на кадмиум и олово ќе имаат влијание и за македонските потрошувачи поради поздравите производи кои ќе завршат на македонскиот пазар, но и поради потребата од усогласување на македонското со европското законодавство како дел од процесот на интеграција во ЕУ. Динамиката за усвојување на новата регулатива за земјите кандидати за членство во ЕУ ќе биде дополнително утврдена.

Извор: Euactiv

Фото: Pixabay