ЈАВЕН ПОВИК: Неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино за 2022 година

ЈАВЕН ПОВИК: Неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино за 2022 година

 

 

  1. ПРЕДМЕТ

Предмет на овој јавен повик е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 287/21), раздел 14001 – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 – Земјоделство и рурален развој, потпрограма 34, ставка 464 – Разни трансфери во износ од 5.000.000 денари кои ќе се користат за доделување на неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема и основни средства кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на нови семејни бизниси од областа на производство на вино.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во натамошниот текст: Министерството), кои се регистрирани како производители на вино со максимален капацитет на производство до 50.000 литри годишно и кои:

– од 1 јануари 2020 година се впишани во Регистарот на производители на вино и

– се впишани во Регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за производство и преработка на мали количини на производи од неживотинско потекло (кога барателот е правно лице) или

– се впишани во Евиденцијата на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количини на производи од неживотинско потекло (кога барателот е физичко лице).

 

III. УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ

За докажување на условите кои треба да се исполнат за учество на јавниот повик, кон Барањето корисниците задолжително треба да ги достават следните документи:

копија од важечка лична карта (кога барателот е физичко лице);

тековна состојба издадена од Централниот регистар не постара од еден месец (кога барателот е правно лице);

извод од Регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за производство и преработка на мали количини на производи од неживотинско потекло (кога барателот е правно лице);

извод од Евиденцијата на оператори со храна и објекти за производство и преработка на мали количини на производи од неживотинско потекло (кога барателот е физичко лице);

решение за упис во Регистарот на производители на вино;

деловен план кој содржи преглед на постоечка состојба, план за инвестиции, финансиски план со побаран износ на поддршка и план за продажба и

изјава заверена на нотар дека не користел средства од други извори за иста намена и активности наведени во барањето што би значело двојно финансирање на истите намени и активности од различни извори.

  1. РОК НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА

Крајниот рок на доставување на барањата за финансирање е најдоцна до 30 април 2022 година. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

  1. ВИСИНА НА НЕПОВРАТНАТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ за следните намени:

– трошоци за набавка на опрема за производство на вино во висина до 90% и

– трошоци за ангажирање на стручно лице (енолог) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

  1. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Финансиската поддршка согласно оваа програма се остварува со поднесување на Барање до Министерството за неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино дадено во Прилог на овој Јавен повик. Барањето се доставува во еден оригинален примерок во писмена форма заверен и потпишан од страна на барателот. Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно оваа програма.

Барањето заедно со документите од делот III на овој Јавен повик се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „за јавен повик за прибирање на барањa за неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино за 2022 година“.

Барањето за неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино за 2022 година може да се обезбеди преку веб страната на министерството : www.mzsv.gov.mk.

VII. ПОСТАПКА И НАЧИН НА ИЗБОР

За постапување по поднесените барања за доделување на финансиска поддршка поднесени согласно оваа програма, од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство се формира Комисија, составена од три члена и нивни заменици од редот на вработените во Министерството. По пристигнување на поднесените барања согласно рокот утврден во делот IV на овој јавен повик, комисијата со записник го утврдува точниот број на пристигнати барања и изготвува Листа на баратели кои ги исполниле условите за доделување на финансиска поддршка согласно оваа програма и имаат уредна и комплетна документација подредени согласно рокот на доставување на комплетно барање врз основа на принципот „прв дојден, прв услужен“ во која е содржан и прифатливиот износ за финансиска поддршка. Барателите кои не доставиле уредна и комплетна документација и кои не ги исполнуваат условите, комисијата ги известува да ги докомплетираат истите во рок од седум работни дена. Барателите кои не ги исполнуваат условите и кои не доставиле уредна и комплетна документација нема да бидат наведени во листата. Средствата за финансиска поддршка се доделуваат врз основа на склучен договор од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со секој корисник поединечно, за одобрените средства наведени во листата на баратели кои ги исполниле условите за доделување на финансиска поддршка, почнувајќи од првиот барател на листата па редоследно до исцрпување на средствата предвидени со Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино за 2022 година.

Преземете ги докуметите:

Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино за 2022 година

Барањето за неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино за 2022 година

 

Категории: Вести