Прогресивниот раст на цената на житариците сеуште трае!

Прогресивниот раст на цената на житариците сеуште трае!

 

ФАО Индексот на цените на житните култури во просек изнесуваше 141,5 поени, што е за 3,1 % повеќе во однос на октомври и 23,2 % над нивото од пред една година. Силната побарувачка во услови на намалени залихи, особено на поквалитетна пченица, продолжи да влијае врз растот на цените на пченицата и во петтиот последователен месец.

Цените на житариците се на нивното највисоко ниво од мај 2011 година. Намалениот квалитет од тековната жетва во Австралија, доцните врнежи и неизвесноста во однос на потенцијалните промени на извозните мерки во Руската Федерација имаше исто така големо влијание врз глобалните цени.

Глобалните цени на јачменот се задржаа пред се поради високата цена што ја диктира пченицата и како резултат на намалените залихи кај извозниците. Извозните цени на пченката благо пораснаа во ноември, добивајќи поддршка од силното темпо на продажбата во Аргентина, Бразил и Украина, додека сезонскиот притисок ги ограничува извозните цени од Соединетите Американски Држави. За разлика од останатите житарици, меѓународните цени на оризот останаа главно стабилни во ноември, како резултат од жетвата кај различни азиски добавувачи и неконзистентна побарувачка за увоз.

ФАО житарици

Извор: ФАО

ФАО житарици

Извор: ФАО

ФАО житарици

Извор: ФАО

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Пазари