Стабилизација на цените за житните култури – Бразил ја диктираше цената на пченката во мај!

Стабилизација на цените за житните култури – Бразил ја диктираше цената на пченката во мај!

 

ФАО индексот за цените на житните култури во мај во просек достигна 133,1 поен, што е за 7,6 поени повеќе (6,0x%) од април и 35,7 поени (36,6%) над вредноста во мај 2020 година. Носечка сила на ова покачување преставува покачување на меѓународните цени на пченката која достигна 75,6 поени (89,3%) над вредноста од минатата година и воедно го оствари највисокото ниво од јануари 2013 година. Намаленото производство од оваа култура во Бразил во голема мера влијае за ваквите состојби на пазарот. Сепак, кон крајот на месецот цените на пченката започнаа да се намалуваат, најмногу поради позитивните очекувања со производство во САД. Цените на јачменот и просото исто така се зголемија во мај, со соодветен пораст од 5,4 и 3,6 проценти.

По значајниот пораст на цените на пченицата на почетокот на мај, како резултат на подобрените услови во производството на овие земјоделски култури, особено во Европската Унија и САД, доведоа до нагло опаѓање на крајот од месецот. Сепак, цените на пченицата беа во просек од 8,0 поени (6,8 проценти) повисоки во однос на април оваа година и 27,7 поени (28,5%) во однос на мај 2020 година. Цените на оризот се одржаа на стабилно ниво, каде логистичките предизвици и трошоците за испорака ги држат трговските активности намалени во текот на цел месец мај.

indeks na ceni na zitarici 1990-2021

indeks na ceni na zitarici 2020-2021

Aвтор: м-р Благоја Муканов

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Пазари