Сточарството во ЕУ – Правила, стратегии и законски рамки за добросостојба на животните
321 Прегледи
Како котираат ЕУ и нејзините земји-членки во однос на добросостојба на животните во сточарството и што се прави на политички план? Во оваа објава се осврнуваме на некои од клучните факти и бројки.
Подобрувањето на добросостојбата на животните е една од целите на водечката иницијатива за храна на ЕУ, Стратегијата од фарма до вилушка, како и на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП). Земјоделските практики за унапредување коишто Европската комисија им ги предложи на земјите-членки, преку исплати овозможени од фондовите на ЗЗП, вклучуваат подобрувања во сточарството и мерки за добросостојба на животните.
Правната рамка на ЕУ за благосостојбата на животните во сточарството поставува правила за заштита на животните кои се користат за производство на храна и други производи, кои ги одразуваат таканаречените „пет слободи“:
Живиот добиток се транспортира внатре и надвор од ЕУ поради причини како што се гоење, размножување или колење.
Додека од една страна Регулативата за заштита при транспорт на животните ги утврдува условите за добросостојба на животните, ревизиите спроведени од Европскиот суд на ревизори открија ниски нивоа на усогласеност и големи проблеми со добробитот на животните.
Како одговор, Комисијата треба да ја измени Регулативата, а Европскиот парламент веќе поттикна Истражен комитет за транспорт на жив добиток (ANIT).
Транспорт на жив добиток
Што е органско сточарство?
За да ги пласираат своите производи како органски, сточарите меѓу другото треба да исполнат голем број услови за добросостојба на животните. Тука спаѓаат:
Процент на добиток одгледуван на органски начин, на ниво на држава
* Bovine = Говеда
* Pigs = Свињи
* Sheep & Goats = Овци и кози
Откако европската граѓанска иницијатива „Крај на добата на кафезите“ собра повеќе од милион потписи, Европската комисија се обврза да предложи законска регулатива за целосно исчезнување на одгледувањето животни во кафез. Во моментов, сепак, многу животни сè уште се чуваат во кафези.
ЕУ земји членки: Животни одгледувани во кафези
1. Laying hens
= Кокошки несилки
2. Pigs in farrowing
= Спрасни свињи
3. Pigs in sow stalls
= Свињи во гестациски кафези
4. Rabbits
= Зајаци
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.