Малешево прогласено за заштитено подрачје

Малешево прогласено за заштитено подрачје

 

Владата ја усвои предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V- заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на држава изнесува се зголеми на 13,8  отсто.

Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11.461 хектар, во рамките на кое се предложени и дефинирани 3 зони во заштитено подрачје Малешево, воспоставени  заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата.

Информацијата ја сподели министерот за екологија Насер Нуредини.

Тој им се заблагодарува на  Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за разбирањето и поддршката во заштитата на природните вредности и обезбедувањето на одржлив социо-економски развој и на ова подрачје.

 

Категории: Вести