Започна откупот на тутунот со просечна цена од 181,6 денари за килограм тутун

Започна откупот на тутунот со просечна цена од 181,6 денари за килограм тутун

 

 

Официјално започна откупот на тутунот. Сите 8 откупувачи отворија 173  пункта. Откупени се 2050 тони по просечна цена од 181,6 денари за килограм тутун.

Според Зоран Шапуриќ, директор на Државниот земјоделски инспекторат, динамиката е добра и просечната откупна цена е реална.

“Тутунот се откупува со добра динамика. Отворени се сите 173 пунктови во земјава и тутунот го купуваат 8 откупни претпријатија. Досега нема никакви проблеми. Конкретно до вчера се откупени 2050 тони по просечна цена од 181,6 денари. Денеска е и последниот рок или официјалниот старт на откупот и сите ги отворија пунктовите. Просечната цена полека се зголемува. Само за пример, вчера се откупени 600 тони по цена од 185 денари. Инспекторатот е постојано на теренот и ја следи откупната кампања” – изјави Шапуриќ.

Игор Мирчески, координатор на четирите новоформирани тутунски здруженија, смета дека не е постигната реалната проценка на родот којшто е квалитетен. Тутунарите очекуваат повисока цена.

“Апелираме до инспекторатот будно да ја следи ситуацијата со откупот, а поверениците активно да учествуваат при проценката на вагите, а не да бидат декор” – рече Мирчески.

 

Категории: Вести