Потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Земјоделскиот институт при УКИМ
Преглед
На 22 декември 2021 година, директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Елгафар Јусуфи и директорот на Земјоделскиот институт проф. д-р Виктор Ѓамовски потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот има за цел да обезбеди координирање, заеднички активности и меѓусебно помагање во насока на поддршка при унапредување, модернизација, осовременување и адаптација на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија.
Овој меморандум како основа ја има соработката во областа на земјоделството и руралниот развој, имајќи ги предвид законската регулатива, националните стратешки планови и програми, принципите на заедничката земјоделска политика на Европската Унија, како и потребите на населението во руралните области, со цел да се обезбеди квалитетен пристап за поддршка во подобрување на условите за живот во руралните средини.
Слични Новости
Средба на премиерот Заев со земјоделци од Гази Баба и Арачиново: Најава за решавање на обештетувањата

