Љупчо Николовски се враќа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
1,197 Прегледи
Преглед
Вечера на прес конференција, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ги соопшти имињата на идните министри кои ќе бидат предложени во Собранието.
За иден министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е предложен Љупчо Николовски, кој на оваа функција беше од 2017 до 2019 година.
Во претходниот неговиот мандат беа реализирани повеќе проекти и мерки за земјоделците како „Зелена нафта“, „Млад земјоделец“ , „Рурална жена“, инвестици во системи за наводнување, неселективната исплата на субвенциите, државата стана лидер во искористеност на ИПАРД средствата и други политики кои значеа подобрување на состојбата во земјоделскиот сектор.

