Индекси на цените во земјоделството, јануари 2022 година

Индекси на цените во земјоделството, јануари 2022 година

 

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 14.9 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 4.4 %.

Во јануари 2022 година, во споредба со јануари 2021 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 115.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 110.6.

Во делот аутпут, во јануари 2022 година, во споредба со јануари 2021 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 104.7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 103.5.

 

Категории: Вести