Тридневна временска прогноза (03.03.2022)

Тридневна временска прогноза (03.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 3 – 5 март 2022 година

 

Четврток 03.03.2022: Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од северозападен правец. Ветерот особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 2 степени во најтоплите предели, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Петок 04.03.2022: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Особено од пладневните часови па натаму и тоа од запад ќе започнуваат нови врнежи претежно од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Снежната граница повремено има услови да се спушта и под 1000 метри. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на мал пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.

Сабота 05.03.2022: Претежно облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и снег на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено во попладневните и вечерните часови.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе бидат малку повисоки, но сепак на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.