Николовски оствари средба со евроамбасадорот Гир – успешноста на спроведувањето на мерките од ИПАРД програмата
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски оствари средба со делегацијата на ЕУ во С. Македонија.
Евроамбасадорот Дејвид Гир ја потврди ефикасната искористеност на мерките од ИПАРД програмата и успешната реализација на проектите финансирани од ИПА.
-На состанокот разговаравме за влијанието на глобалната криза на македонското земјоделство и за сите мерки што Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги презема за земјоделците да имаат одржливо производство и стабилност на пазарот на храна. Евроамбасадорот Гир позитивно го оцени носењето на новата Програма за финансиска поддршка на земјоделството и спроведувањето на реформите во законската регулатива во делот на усогласувањето со европските регулативи, информираше министерот Николовски.
Слични Новости
Во организација на УКИМ Земјоделски институт ќе се одржи настанот “EIT Food Start-Up Awareness Event”
Од утре и задутре зејтин ќе има во сите маркети, цената ќе биде стабилна и ќе достигне максимум 2,5 евра

