Стратегија за паметна специјализација во земјоделството и прехранбената иднустрија

Стратегија за паметна специјализација во земјоделството и прехранбената иднустрија

 

 

Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи и министрите за економија и образование – Крешник Бектеши и Јетон Шаќири Македонија најавија израбитка на Стратегија за паметна специјализација, со која економијата во наредниот период ќе се специјализира за паметно земјоделство и прехранбена иднустрија, информатичко-комуникациска индустрија, електромашинска, металопреработувачка и автомобилска индустрија, како и паметни објекти и материјали како последна област.

– Ако Германија нуди автомобили, а Хрватска туризам, Норвешка има нафтени деривати, Италија прехрамбени продукти, тогаш што е тоа што ние ќе го понудиме на глобалниот пазар? Мораме да се специјализираме кон одредена област кон која ќе ги насочиме знаењата, науката, истражувањето, финансиите, рече Битиќи на денешната прес-конференција.

Тој наведе дека станува збор за стратешки документ каков што имаат Хрватска и Словенија, со кој ќе се знае каде точно во кои области имаме добар потенцијал што може да се искористи и што да се направи. Со овој документ ќе можат да се искористат структурните фондови на Европската Унија.

– Тоа се пари кои ќе значат стимулации и мерки во областа на образованието, економијата, развој на иновации и генерално на науката во нашата држава, речедополни Бектеши

Министерот наведе дека тоа е долгорочна стратегија од која нема да има отстапки во иднината, без разлика кој е на власт и дали ќе има промени на одлучувачките позиции. Областите се детектирани согласно методологијата на истражувачкиот центар на Европската комисија

За секоја од четиритие приоритетни области формирани се работни групи и тие од денес започнуваат интерни дебати кои ќе траат до крајот на мај за тоа каде ќе се инвестира и ќе има развојни политики кои ќе бидат прифатени од Европската комисија

– Очекувам како министер од средината на годинава да имаме нацрт-документ за чија конечна верзија ќе одлучиме повторно сите заедно. Ќе бидат вклучени науката, бизнисот и општеството во целина. Стратегијата за паметна специјализација дава ефект кај многу земји-членки на Европската Унија, дополни Бектеши.

 

Категории: Вести