Отворен Балкан – Трговијата со прехранбени производи ќе се олесни и ќе се забрза

Отворен Балкан – Трговијата со прехранбени производи ќе се олесни и ќе се забрза

 

Трговијата со прехранбени производи меѓу Србија, Р. С. Македонија и Албанија треба да биде многу полесна и побрза, бидејќи почна да се спроведува договорот што неодамна беше потпишан во рамките на иницијативата Отворен Балкан.

Тоа значи дека практично ништо нема да го отежне процесот на извоз на земјоделски и прехранбени производи во однос на регулативите на земјите, ќе си веруваме едни на други, ќе се прават контроли како што се правеа досега, но нема да го отежни извозот, вели советник на српскиот министер за земјоделство Горан Ѓаковиќ.

Ѓаковиќ посочува дека слободната трговија со прехранбени производи меѓу земјите потписнички значи пред се за оние кои извезуваат земјоделски и прехранбени производи, бидејќи над 600 компании ги извезуваат тие производи на територијата на Р.С. Македонија и Албанија.

„Едноставно објаснето, кога ќе тргне камионот за Р.С. Македонија ќе испратиме соопштение дека таков камион ќе стигне кај нив, ќе оди директно до местото каде што треба да оди, таму ќе се врши контрола на документите и нашиот сертификат ќе биде признат во Р.С. Македонија и Албанија и нивните сертификати кај нас“, објаснува советникот на министерот за земјоделство.

Според него, практично ништо нема да ја отежне процедурата за извоз на земјоделски и прехранбени производи во однос на регулативите на земјите.

„Вкупниот обем на извоз меѓу овие три земји е 300 милиони евра, само 70 милиони евра со Албанија. Ако се има предвид дека само извозот на храна за домашни миленици од Србија бил 100 милиони евра, а симболичните 70 меѓу Албанија и Србија вие може да замисли колку тоа е простор за соработка. Мислам дека можеме многу да им понудиме, од кафе, вода, сокови, житарки, компири.Секако дека купуваме и вина, грозје, суво грозје и некои други производи од Р. С. Македонија и мислам дека треба да се радуваме на оваа соработка“, вели советникот на тамошниот министер за земјоделство.

 

Извор: РТС

 

Категории: Вести