Македонија нема да биде солидарна со соседите – Рестрикциите за извоз на масло за јадење ќе важат за сите земји, вклучително и соседните, наспроти одлуката на Србија, донесената забрана за извоз на пченица да не важи за Македонија и околните земји.
Но, дека македонската мерка не ги иззема соседните земји, денеска потврди министерот за економија, Крешник Бектеши, кој вели – се работи за времена мерка поради тоа што за само седум дена, од Македонија биле извезени 330 тони масло за јадење, а целта е да се ублажи притисокот за зголемување на цените на домашниот пазар.
Српската одлука да не го забранува извозот на пченица за Македонија вчера ја потврди и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, по разговорите со министри од регионот. Српските претставници рекле дека договорената количина ќе биде испорачана во земјава.
Од Србија пак, официјална реакција нема, иако сите медиуми ја пренесуваат веста под насловот „Соседите забранија извоз на масло за јадење“. Во Македонија пак, се чекаат податоци од производителите и увозниците на маслото за јадење. Одлуката ќе се поништи кога власта ќе процени дека има простор да се стори тоа.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Извор: 24 Вести