Повторно зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

Повторно зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати

 

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22% во однос на малопродажните цени на истите, утврдени согласно одлуката од 25.03.2022 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,140 ден/кг и сега ќе изнесува 57,347 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 84,00 ден/лит.

 

Категории: Вести, Слајдер