Јавен повик за доставување на барање за користење на средства за реализација на мерки од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2021 година

Јавен повик за доставување на барање за користење на средства за реализација на мерки од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2021 година

 

Согласно дел IX од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 14/21), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 13.07.2021 година објави ЈАВЕН ПОВИК за доставување на барање за користење на средства за реализација на мерки од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2021 година.

Предмет на овој јавен повик е реализација на мерките од дел V и VI од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултура за 2021 година и тоа:

1) Пилот проекти за развојни, истражувачки и апликативни пилот проекти особено наменети за:

  •  зголемување на производството на риба,
  •  заштита на рибите и животната средина,
  •  развој на риболовниот туризам и
  •  за истражување на пазарот и маркетинг на риби и производи од риби.

 

2)  Развој на нови пазари и промотивни кампањи за:

  •  организација и/или учество на меѓународни манифестации, саеми и натпревари.

Право на учество на јавниот повик за точка 1

– Пилот проекти имаат овластени институции од областа на рибарството, научни и/или образовни установи од областа на рибарството, рибарски и риболовни здруженија, организации на производителите, концесионерите на рибите и вршителите на аквакултура.

Доколку истражувачките и апликативните пилот проекти ги реализират рибарски и риболовни здруженија и организации на производители, концесионерите на рибите и вршителите на аквакултура,  задолжително содржат соодветна научна верификација.

Резултатите од пилот проектите задолжително се публикуваат во технички извештаи достапни за јавноста.

По завршување на пилот проектот, до министерството, задолжително се доставува финансиски извештај за реализираните средства за изведба на пилот проектот.

Право на учество на јавниот повик за точка 2

– Развој на нови пазари и промотивни кампањи имаат рибарски и риболовни здруженија, овластени установи од областа на рибарството и други научни и/или образовни установи и организации на произведители запишани во Регистарот на организации на произведители кој се води во Министерството за реализација на активности.

Крајниот рок на доставување на барањето е најдоцна 15 (петнаесет) дена од денот на објавување на јавниот повик вклучувајќи го и денот на објавување. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Максималниот износ на средства предвиден за точка 1 – Пилот проекти од дел I на овој јавен повик изнесува 2 000.000,00 (еден милон) денари. Вкупната вредност на одобрен пилот проект по поединечен корисник изнесува најмногу 400.000,00 (четиристотини илјади) денари во зависност од техничките потреби за реализација на проектот.

Доколу на повикот се доставени повеќе проекти кои со бараниот износ на средства го надминуваат вкупниот износ на средства утврден во дел V од Јавниот повик, предност при одобрување на проектите и висината на средствата за реализација на истите ќе имаат развојните и апликативните проекти, за кои ќе се цени дека со добиените резултати ќе можат во пократок временски рок да се стават во практична примена за развој во областа на рибарството и аквакултурата.

Максималниот износ на средства предвиден за точка 2 – Развој на нови пазари и промотивни кампањи од дел I на овој јавен повик изнесува 500.000,00 (петстотини илјади) денари.

Доколу на повикот се доставени повеќе барања за организација и/или учество на меѓународни манифестации, саеми и натпревари, кои со бараниот износ на средства го надминуваат вкупниот износ на средства утврден во дел VI од јавниот повик, предност при одобрување на барањата и висината на средствата по барање ќе се одредуваат во зависност од големината и важноста на настанот.

Барањето од дел I точка 1 на овој јавен повик се доставува во пополнет Образец на понуда, заверен од страна на барателот на финансиски средства и потпишан од одговорното лице или од него овластено лице.

Кон барањето се дoставува пилот проектот со наведени активности и очекувани резултати и преглед на потребни финансиски средства за реализација на активностите.

Барањето од дел I точка 2 на овој јавен повик се доставува во пополнет Образец на понуда, заверен од страна на барателот на финансиски средства и потпишан од одговорното лице или од него овластено лице.

Кон барањето се дoставува програма за организација и/или учество на предвидениот настан со време на одржување на настанот, број на учесници, агенда, предвидени активности и потребни финансиски средства за реализација на активностите.  Барањето со документацијата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта Трети број 2, 1000 Скопје, или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува “НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа “за јавен повик  за доставување на барање за користење на средства за реализација на мерки“.

Доколку еден субјект конкурира со повеќе барања по одделните точки од Јавниот повик, секое барање треба да е доставено на посебен образец и да ги содржи сите барани податоци наведени во овој Јавен повик.

Барањата кои нема да ги содржат податоцити наведени во овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат. Образецот на барањето може да се подигне во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или да се преземе од web страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Категории: Вести