Турскиот Tesla има фантастичен електричен трактор

Турскиот Tesla има фантастичен електричен трактор

 

Возилата на електричен погон се новиот тренд кој ќе ја освојува секоја категорија, па затоа турскиот Tesla брза со лансирање на нивниот прв електричен трактор. ЗИ Електрик со масовно производство на електричниот трактор запчнува оваа година.

Дизајнот на тракторот е идентичен на досегашните трактори со кабина, но во внатрешноста наместо дизел мотор се наоѓа батерија која што има капацитет од 95 киловат часови. Огромната батерија може да обезбеди од 5 до 7 оперативни часови за работа во зависност од агротехничките операции кои што ќе се вршат на полето. Целосно полнење на батериите се одвива во период од 45 минути.

Со помош на 130те коњски сили, движење на сите 4 тркала и стандардниот приклучок за разни елементи, овој трактор веднаш може да се вклопи во постоечкото земјоделско производство.

Како единствен футуристички елемент претставува големиот екран кој се наоѓа во внатрешноста на кабината на кој се прикажуваат сите информации кои што му се потребни на фармерот. Освен големиот екран истиот трактор е стандардно опремен со ГПС навигација за полесно и поквалитетно управување.