Дегустација на македонски вина на Летно Вино 2021

Дегустација на македонски вина на Летно Вино 2021

 

Во недела, 4 јули, на терасата на ресторан Воденица – Мулино во Скопје, ќе се оддржи винско дружење, настан на кој посетителите ќе може да дегустираат голем асортиман на македонски вина. Настанот е во организација на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ.

„Летно Вино“ или Summer Wine за првпат се оддржува во летниот период.  Ќе се промовираат над 150 вина, а ќе се стави акцент на новите вина од новите берби кои се или штотуку ќе бидат лансирани на пазарот, пред се’ на освежителните, овошно водени вина, во комбинација со голем избор на закуски од ресторанот.

Настанот ќе се оддржи на отворено во времетраење од 17:00 до 23:00 часот и е во склоп со актуелните Ковид препораки поради што бројот на влезници ќе биде лимитиран.

Посетителите ќе имаат можност да купат влезници на самиот настан како и онлајн на следниот линк.

 

Слика: Freepik

Категории: Вести