Намалување на цените на горивата

Намалување на цените на горивата

 

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се намалат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,58 %.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,751 ден/кг и сега ќе изнесува 35,930 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намалат за 1,00 ден/лит, а за и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намачи за 1,50 ден/лит.

Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 ден/лит и  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 61,00 ден/лит,  додека пак од полноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 72,00 ден/лит

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит.

 

Фото: Pixabay

Категории: Вести