Зголемена активност и подобрено здравје на бројлери преку исхрана со инсекти
Во живинарската индустрија доминантна гранка претставува одгледување на бројлери. Животниот век на бројлерите изнесува од 5-7 недели, додека поспоро растечки раси својата тежина ја достигнуваат до 14 недели. Иако имаат краток животен век, одгледувачите на бројлери се соочуваат со големи проблеми поврзани со здравјето на живината.
Од особена важност претставува овозможувањето на оптимални услови за раст и развој на единките во една фарма. Причината за здравствените проблеми кои се јавуваат во производство на месо од бројлери претставува брзиот раст и зголемената телесна тежина. Слабата активност и зголемената исхрана доведува до искривување и кршење на коските, куцање, срцев удар и појава на рани на мускули и стапала.
Најчести здравствени проблеми со кои се соочуваат одгледувачите на бројлери претставува куцањето и појава на рани на мускулите поради неподвижноста на пилињата. Како последица на ова, производителите имаат намалена пазарна вредност на месото и се соочуваат со намален профит поради угинувањето на дел од пилињата.
За спречување на здравствените компликации кај бројлерското производство потребно е да се користат нови методи кои што треба инстинктивно да ги натераат пилињата да се движат и со тоа да го зајакнат нивното тело и да го направат помалку подложно на горенаведените проблеми. Една од таквите методи претставува методата која е претставена во иновативната научна студија од експертите од Универзитетот Вагенинген од Холандија. Научната студија и експериментот што бил направен се состои од започнување на исхрана од бројлери со старост од 1 ден во неколку периоди во денот. Храната која периодично се давала на бројлерите е составена од ларви на мувата “Црн Војник”.
Како што инсектите се омилена исхрана за живината, бројлерите инстинктивно имале зголемено движење и поминувале повеќе време во стоечка положба. Резултатите од експериментот покажале дека при употреба на метода со расфрлање на храна која е базирана на ларви од инсекти имало намален процент на појава на рани во пределот на градните мускули и во пределот на нозете. Дополнително, се променило и однесувањето на бројлерите во јатото и поради активното движење нивните коски биле поиздржливи. Исто така забележано е и минимално намалување на телесната тежина во 10 проценти од експерименталната група, што претставува незабележителен факт.
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.