Хрватска го продолжи мораториумот на продажба на земјоделско земјиште на странци иако е членка на ЕУ

Хрватска го продолжи мораториумот на продажба на земјоделско земјиште на странци иако е членка на ЕУ

 

Хрватска доби одобрение за продолжување на мораториумот за продажба на државно земјоделско земјиште за уште три години. Рокот е продолжен со одлука на хрватската влада во јуни лани, а одобрен од страна на Европската Комисија. Тоа значи дека и кој било граѓанин од земја членка на ЕУ нема да може да купи земјоделско земјиште во Хрватска додека трае мораториумот.

Министерката за земјоделство, Марија Вушковиќ, оцени дека тригодишното продолжување на мораториумот за продажба на хрватско земјоделско земјиште на странци е важна одлука.

„Одлуката на ЕК предвидува дополнителен период од три години што треба да се искористи за целосно искористување на потенцијалот на земјоделството со враќање на што повеќе земјоделско земјиште во производната функција“, соопшти Министерството за земјоделство.

Дополнителниот период треба да се искористи за што подобра реализација на земјоделските потенцијали. Имено, со Договорот за пристапување на Хрватска беше одобрен преоден рок од седум години за време на кој се применува забрана за продажба на земјоделско земјиште на граѓани на други земји-членки на ЕУ.

Преодниот период треба да го спречи зголемувањето на цените на земјоделското земјиште во Хрватска по пристапувањето во ЕУ, што може да се случи поради поголема куповна моќ на граѓаните на одделни земји-членки. Ова ќе им отежне на хрватските земјоделци да се здобијат со земјоделско земјиште и да го забават преструктуирањето на земјоделскиот сектор, објаснува ресорното министерство.

Договорот за пристап предвидува можност за продолжување на седумгодишниот преоден рок за дополнителни три години, доколку се покаже дека хрватскиот пазар на земјоделско земјиште сè уште не е доволно стабилен и дека сè уште постои ризик од значително зголемување на цените доколку се отвори за странски државјани.

Вушковиќ потсети дека Министерството го доставило официјалното барање на 15 ноември 2019 година, а тоа е направено врз основа на податоците добиени од Државната геодетска управа, Централното биро за статистика, Министерството за правда, Министерство за администрација и земјоделска платежна агенција.

На барањето за продолжување, како што рече, се пристапи затоа што „сè уште не се постигнати услови што би го ставиле нашиот потенцијален купувач на земјоделско земјиште, а таков е нашиот фокус, кој е тука и ќе остане таму, на рамноправно ниво со другите жители на Европската унија“.

„Иако има напредок во однос на клучните индикатори, кои покажуваат дека јазот во куповната моќ меѓу граѓаните на ЕУ и Хрватска и цената на земјоделското земјиште се намалува и иако процесот на деминирање на земјоделско земјиште е значително подобрен, како и процесот на враќање, хрватскиот земјоделец сè уште не е доволно зајакнат да учествува рамноправно во можностите за купување земјоделско земјиште“, рече Вушковиќ.

Хрватска планира рокот од три години да го искористи за зајакнување на позицијата на хрватските граѓани и земјоделци со граѓаните од ЕУ преку измени во програмите за развој и регулативата за располагање со земјоделско земјиште. Секако, лица со странски капитал и тие кои не се државјани на Хрватска може да учествуваат во формирање на компании и учество во купувањето на земјиште за земјоделски цели.

„Во Хрватска, земјоделско земјиште може да се купи ако некој основа правно лице, т.е. компанија или во согласност со некои други меѓународни договори, но предмет на реципроцитет – она ​​што се однесува на странец во Хрватска, мора да се однесува на Хрватот во неговата земја. Не е исто кога правно лице основа компанија, затоа што таа компанија треба да работи тука, да вработува и да плаќа данок, или кога некој без седиште и живеалиште може да купи земјоделско земјиште. Добро е што се боревме за овој преоден период што ќе го зајакне нашиот народ и ќе обезбеди земјоделско земјиште да се изнајми или купи од оние што навистина ќе живеат таму и ќе создадат физички или правни лица, објаснува Вушковиќ.

Хрватска сепак, е свесна дека како членка на ЕУ го прифатила принципот на слобода на движење на стоки, услуги, капитал и луѓе, и дека по истекот на тригодишниот мораториум ќе треба да овозможи продажба на земјоделско земјиште на граѓани од други земји членки, но истото ќе важи и за хрватските инвеститори во ЕУ.

Повеќе детали за хрватската регулатива како е уредено продавањето и располагањето со државното земјоделско земјиште може да најдете на следниот линк.

https://zakon.hr/z/133/Zakon-o-poljoprivrednom-zemlji%C5%A1tu

Категории: Вести