Русија воведува задолжителна дигитална следливост на продукти за храна

Русија воведува задолжителна дигитална следливост на продукти за храна

 

До крајот на годината, сите млечни производи во Русија треба задолжително да бидат обележани со дигитални кодови. Целта на оваа иницијатива е да се подобри следливоста на производите во целиот ланец на снабдување, со започнување од производителот па се до крајниот потрошувач. Дигиталните кодови, исто така, ќе помогнат во борбата против ширењето на производи кои се од сомнително потекло или со лош квалитет.

Од 1 јуни оваа година, млечните производи како што се сирењето, кашкавалот и сладоледите се со дигитален код, додека пак од 1 септември сите продукти со рок на траење кој е поголем од 40 дена ќе треба да имаат исти таков код.

За индивидуалните земјоделци кои што самите ги продаваат своите продукти рокот за воведување на следливост е продолжен до декември 2022 година.

Дигиталниот код содржи детални информации за продуктот или поточно: место, датум и време на производство, тип на суровина, големина, датум на употребливост и цена. Исто така, преку кодот и специјализирана апликација сите потрошувачи можат да ја проверат оригиналноста и начинот на производство на продуктите.

Категории: Вести