Започна пријавување за субвенции во рибарството

Започна пријавување за субвенции во рибарството

 

Сите субјекти кои набавиле подмладок во периодот од 1- ви февруари до 31- ти мај годинава имаат право на финансиска поддршка.

Аплицирањето за субвенции ќе трае до 9-ти јули годинава. Парите можат да се добијат за порибување на рибниците со купен или сопствен подмладок. Поголема финансиска поддршка ќе добиваат помалите капацитети, а за поголемите таа скалесто се намалува. Висината на субвенцијата е 40 проценти од вредноста по корисник и може ја да добијат оние субјекти кои набавиле или сами го произвеле подмладокот.

За купен или сопствен подмладок до 2.500 килограми се добиваат 100 проценти од вредноста на утврдената цена, за количество до 5.000 – 75, до 7.500 – 50 и за купен или сопствен подмладок над 7.500 килограми се добиваат 25 проценти од неговата цена. Корисници се субјектите кои поседуваат дозвола и кои се запишани во регистарот на министерството за земјоделство.

Доколку до Платежната Агенција се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства, ќе се применува принципот „прв дојден прв услужен”. Заинтесираните лица кои ги исполнуваат условите, документите може да ги достават лично во платежната Агенција или преку пошта до 9-ти јули