-Одбележувањето на овој ден во нашата држава е прилика и придонес за информираност и едукација на јавноста, за мобилизирање на политичката волја и ресурси за решавање на глобалните проблеми преку кооперативниот модел на организирање на фармерите со промоција на социјално одговорен, но и претприемачки земјоделски задружен модел кој ќе обезбеди одржливост и целно ориентиран развој, велат од Мрежата на земјоделски задруги.
Максимата секој фармер – член на најмалку една земјоделска задруга е стратешка цел на Мрежата.
-Уверени сме дека заедничкиот настап преку задругите ќе биде силен одговор на предизвиците и во пласманот и во набавките и во примената на стандарди и добра земјоделска пракса, дополнуваат од Мрежата.
Годинашното мото на Меѓународниот ден на задругите кој се одбележува 27-ма година по ред, е „Да обновиме заедно-да изградиме подобро”.