Нов спор помеѓу Хрватска и Италија – Кое е вистинското “просеко”?

Нов спор помеѓу Хрватска и Италија – Кое е вистинското “просеко”?

 

Втор по ред спор помеѓу Хрватска и Италија, откако Хрватска повторно сака да го регистрира името “прошек” како оригинално десертно вино кое потекнува од Хрватска. Меѓутоа, италијанските винарии со огромно незадоволство настојуваат да го блокираат овој процес. Иако двете вина се сосема различни, целата поента на спорот е сличноста помеѓу двата назива “просеко” и “прошек” кои се скоро идентични. 

Името “просеко” е заштитено од страна на Италија многу години пред Хрватска да побара признавање на терминот “прошек”, кој беше одбиен во 2013 година поради сличноста со италијанскиот производ кој може да се произведе само во регионот на Венеција.

Како резултат на овој спор беа испратени протестни ноти до Европскиот комесар за земјоделство од страна на земјоделските здруженија во Италија, како и од страна на италијански официјални лица – членови на Европскиот парламент.

вино просеко прошек италија хрватска

Италијанското “просеко”

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Вести