Ристов: Тутунарите изминативе години едвај врзуваат крај со крај

Ристов: Тутунарите изминативе години едвај врзуваат крај со крај

 

 

Градоначалникот на општина Конче Златко Ристов во гостувањето во емисијата ,,Што не е јасно’’ на ТВ Алфа рече дека тутунарите изминатите години едвај крај со крај врзуваат,  бидејќи власта нема слух за нивните проблеми и барања.

,,Тутунопроизводителите овие пет години едвај крај со крај врзуваат. Уште во март месец годинава тутунските здруженија до владата поднесоа барање за измена и дополнување но за жал како и во поголемите случаеви наидуваат на неразбирање. Јас доаѓам од општина која што 90 проценти од граѓаните се занимаваат со тутунопроизводство, а во моментот ја имаме најлошата откупна цена, односно ако земеме во предвид дека трошоците на земјоделците, па дури и на сите граѓани се покачени за некаде околу 30 процени, во моментот имам информација дека откупната просечна цена на тутунот е 180 денари.”

,,Ако земеме во просек што е она што е покачено изминатиот период гледаме дека цената на тутунот паѓа на 140 денари, што е ниту за дискутирање, рече тој. Градоначалникот Ристов се пожали и за незаинтересираноста од страна на Државниот инспекторат за земјоделие, појаснувајќи дека до сега не се појавиле на откупните пунктови додавајќи дека треба да ги штитат интересите на земјоделците, а  не на откупувачите не тутун. Јас изминатиот период посетив неколку откупни пунктови но на жал проценката е лоша, инспекторите кои се надлежни да вршат контрола ги нема.”

 

Категории: Вести