ЗЗ „Пчелин Рај“ донираше пчелни семејства на Атиџе од „Медена земја“

ЗЗ „Пчелин Рај“ донираше пчелни семејства на Атиџе од „Медена земја“

 

Тоа дека во Македонија се уште постојат хумани и солидарни луѓе, како и општествено одговорни организации –  ни потврдува и гестот на Пчеларската Задруга „Пчелин Рај“ од Струмица.

Имено, струмичкото здружение на земјоделци кое е и член на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, донираше пчелни семејства на Атиџе Муратова од с. Бекирлија, Лозово. Атиџе, чии пчелни семејства угинаа во текот на оваа зима, остана без својата основна егзистенција. Имајќи го ова во предвид, струмичани се решија да и ја олеснат незавидната ситуација.

Од МАЗЗ велат дека се воодушевени од ваквиот гест на ЗЗ„Пчелин Рај“ и ги поттикнуваат своите членки да го следат овој преубав пример. Воедно, од нивна страна се охрабрува секој обид за општествено одговорно делување, потенцирајќи ги 7-те меѓународни задружни принципи!

 

Категории: Вести