Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на јавна расправа за Нацрт – закон за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на јавна расправа за Нацрт – закон за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост

 

На јавната расправа која ќе се одржи денес, а е посветена на Нацрт-законот за продажба на земјоделско земјиште во државна соспственост – активно учество ќе земе и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Во својата изјава, министерот Хоџа ги потенцираше придобивките од предлог-законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, притоа укажувајќи дека не постои можност за повлекување на истиот, бидејќи како што рече, вака подготвениот закон ќе има значаен придонес во развојот на земјоделството, во полнење на буџетската каса, но и во делот на инвестициите од евентуалната продажба на земјоделското земјиште.

Тимот на Моја Фарма активно ги следи случувањата поврзани со Нацрт-законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост. Повеќе детали можете да дознаете од анализата со проф. д-р Благица Сековска на следниот линк: Анализа со проф. Сековска: „Каубојска“ распродажба на земјоделското земјиште ќе има страшни економски, социјални и еколошки последици

 

Категории: Вести