Цените на маслата во опаѓање – само палминото масло поскапува

Цените на маслата во опаѓање – само палминото масло поскапува

 

ФАО индексот на цените на растителното масло на во просек изнесуваше 155,4 поени во јули, со што цените се намалија за 1,4 % и бележи најниско ниво во последните пет месеци. Намалувањето главно се должи на пониските цени за соино, репкино и сончогледово масло, овозможувајќи рамнотежа помеѓу ниските цени за претходно наведените масла и високите цени на палминото масло. Меѓународните цени за палмино масло умерено се зголемија во јули, поради пониско од очекуваното производство во големите земји-производители, во услови на недостиг на работна сила која претежно се состои од мигранти, пред се во Малезија. Од друга страна, цените за соиното масло, во голема мера се намалија во јули под притисок на новодонесениот закон за мешање на помала количина од ова масло за создавање на биодизел во Аргентина. Во меѓувреме, меѓународните цени на репкиното и сончогледовото масло исто така се намалија, како резултат на намалена глобална побарувачка за увоз и потенцијалните рекордни резерви за сезоната 2021/22.

масло

Извор: ФАО

масло

Извор: ФАО

 

Автор: Марио Петковски

 

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

Категории: Пазари