Првиот целосен каталог на земјоделски дронови за апликација на пестициди и гранули (Видео)

Првиот целосен каталог на земјоделски дронови за апликација на пестициди и гранули (Видео)

 

Ефикасноста на овие напредно технолошки иновации во земјоделството, како и се поголемиот интерес за употреба на истите придонесе кон брзо развивање на дронската индустрија со специјална намена во земјоделското производство. 

Моја Фарма ви го претставува еден од првите каталози на земјоделски дронови во историјата на земјоделството.

ДЏИ Аграс Т16

дрон

Производител: DJI Agriculture (Кина)
Производ: ДЏИ Аграс Т16
Максимален капацитет за носивост: 16 литри
Бр. Ротори / Ефективна ширина на апликација: 8 / 6 метри
Манометар: не
Максимално време на летот: 15мин
Капацитет на батеријата во mAh: 22.000 / 1 батерија
Стандардно време на полнење: 60мин / брзо: 30мин
Препорачана малопродажна цена: $ 12,170

Дронот со шест ротори на кинескиот гигант во производство на беспилотни летала, Аграс Т16, се повеќе и повеќе станува популарен помеѓу корисниците ширум светот. Опремен е со резервоар кој има капацитет од 16 литри и може да изврши апликација на пестициди до 16 хектари за еден час. Количината на прскање може да достигне до 4.8 литри во минута. Прскањето се изведува со помош на четири пумпи на кои што се фиксирани по 2 прскалки, што овозможува достигнување на ширина од 4 до 6.5 метри во зависност од висината од која се аплицира (1.5 – 3 метри над растенијата). Дронот има вградено специјален ДБФ радар кој помага во детектирање на пречки и објекти кои што можат да го загрозат за време на летањето. Исто така, има и ФПВ камера со широк агол и РТК ГПС конекција што овозможуваат голема прецизност и прегледност во работењето.

 

Дрон4Агро В16-6а

Производител: Drone4Agro (Холандија)
Производ: В16-6
Максимален капацитет за носивост: 50 литри
Бр. Ротори / Ефективна ширина на апликација: 16 / 18 метри
Манометар: не
Максимално време на летот: 10 до 30 мин
Капацитет на батеријата во mAh: 40.000 / 2 батерии
Стандардно време на полнење: 20 мин
Препорачана малопродажна цена: $ 29.000 – 35.000

Овој дрон претставува резултат од 6 годишно производство на големи летала специфично креирани за потребите на одредени клиенти. Има две пумпи кои што регулираат 8 прскалки кои што се монтирани под  пропелерите. Може да аплицира со стапка од 5-20 литри/хектар и може да покрие површина од 30 хектари за еден час ефективна работа. Сите оперативни летови потребно е претходно да бидат програмирани преку специјален систем инсталиран на лаптоп. Ова овозможува прибирање на поголем број податоци, поголема сигурност и поголема автономија во работењето. При празнење на батеријата или резервоарот, дронот автоматски се враќа од местото на полетување за замена на батерија или за дополнување на резервоарот за апликација.

 

ХСЕ-УАВ – ТТА Г200-16Л

дрон

Производител: Beijing TT Aviation Technology (Кина)
Производ: ТТА Г200-16Л
Максимален капацитет за носивост: 16 литри
Бр. Ротори / Ефективна ширина на апликација: 6 / 8.5 – 10.6 метри
Манометар: не
Максимално време на летот: 12 до 15 мин
Капацитет на батеријата во mAh: 17.000 / 1 батерии
Стандардно време на полнење: /
Препорачана малопродажна цена: $ 20.000

 

Компанијата која стои зад овој високо софистициран дрон има веќе докажано искуство во продажбата на комерцијални дронови за разни намени. Како резултат на нивното работење доаѓа и земјоделскиот дрон за апликација кој може да опфати површина од 10.6 метри за време на прскањето. Поддржува поголем број на дизни кои што можат да се местат во зависност од потребата и со тоа да се подобри прскањето и да се намали процентот на непрецизно потрошено средство (дрифт). Течноста се придвижува со помош на две пумпи контролирани со помош на манометар кој овозможува регулирање на протокот од 1.4 до 5.7 литри во минута.

Се контролира преку Андроид уред и посебен софтвер кој овозможува целосна автономност. Создавањето на мапи претставува предност поради неговата едноставност и фактот што мапата може да се создаде во Гугл Мапс апликацијата.

  PrecisionVision / PV35X

дрон

Производител: Leading Edge Aerial Technologies (САД)
Производ: PrecisionVision 35X
Максимален капацитет за носивост: 16 литри
Бр. Ротори / Ефективна ширина на апликација: 6 / 1.2 – 27 метри
Манометар: не
Максимално време на летот: 8 до 12 мин
Капацитет на батеријата во mAh: 18.000 / 2 батерии
Стандардно време на полнење: 15-18 мин
Препорачана малопродажна цена: $ 24.000 – 28.000

Американски производ создаден од компанија која што има 35 годишно искуство во создавање на дизни за апликација и анализа на големината на капки. Со 6 прскалки распоредени на платформа со должина 4.25 метри кој што обезбедува апликативна површина од 1.2 до 27 метри. Стапката на проток на течности се контролира со помош на софтвер, каде што освен контрола на проток истиот има способност за читање на разни формати на податоци. Тоа овозможува автономно или мануелно управување, интегрирање на полигони за апликација, насоки, различни модови на летање и употреба на повеќе од еден дрон истовремено.

Исто така, овој дрон има можност за апликација на гранули (семе, ѓубриво или друго) со опсег од 27 метри.

 

Аеро 41 – Агв2

дрон

Производител: Aero 41 Ltd (Швајцарија)
Производ: АГв2
Максимален капацитет за носивост: 20 килограми
Бр. Ротори / Ефективна ширина на апликација: 6 / 2.5 метри
Манометар: Опционално
Максимално време на летот: 20 мин
Капацитет на батеријата во mAh: 18.000 / 2 батерии
Стандардно време на полнење: 40 мин
Препорачана малопродажна цена: $ 34.000

 

Специјално дизајниран дрон за да ги задоволи потребите на лозарите и овоштарите. Неговата прецизност била оценувана од страна на Сингента и Универзитетот од Гесенхајм и има дозвола за употреба во органско производство. Системот на апликација е составен од две пумпи кои што имаат максимален проток од 5.8 литри во минута. Доколку лета на висина од 3.5 метри над крошната на дрвјата има ефективна површина на покривање од 2.5 метри, што го прави доста прецизен кога станува збор за прскање во редови на винова лоза или пак во новите системи на овоштарското производство (мултиледер систем).

 

Херкулес 20

дрон

Производител: Drone Volt (Франција)
Производ: Херкулес 20
Максимален капацитет за носивост: 16 литри
Бр. Ротори / Ефективна ширина на апликација: 4 / 3 метри
Манометар: Нема
Максимално време на летот: 40 мин
Капацитет на батеријата во mAh: 22.000
Стандардно време на полнење: Нема информација
Препорачана малопродажна цена: Нема информација

Францускиот Херкулес има поставено 3 метри долга прскалка на која што се инсталирани 4  атомизирачки дизни кои што можат да создадат капки кои се 95-100% идентични по големина. Со ова се постигнува поголема униформност при покривање на одредена површина и исто така овозможува од 30 до 50 % заштеда во пестициди, како и 90% заштеда на вода, споредбено со обичните хидраулични дизни.

 

 

Агродрон

дрон

Производител: Flying Tractor (Украина)
Производ: Агродрон
Максимален капацитет за носивост: 16 литри
Бр. Ротори / Ефективна ширина на апликација: 8 / 6 метри
Манометар: Нема
Максимално време на летот: 15 мин
Капацитет на батеријата во mAh: 22.000 / 1 батерија
Стандардно време на полнење: 60 / 30 минути
Препорачана малопродажна цена: $ 12,170

Агродронот е продукт на двајца украински инженери чија што идеја е развивана уште од 2017 година. Има ефективна ширина на апликација од 6 метри доколку се аплицира од 4 метри височина. Автоматското подесување може да обезбеди проток од 3 до 15 литри средство на хектар. Со помош на таблет може да се обезбеди автономно летање и мапирање на областа за создавање на шема за прскање. Агродронот има можност за монтирање и посебна направа за распрскување на гранули.

 

АГ-116

дрон

Производител: Hylio (САД)
Производ: АГ-116
Максимален капацитет за носивост: 16 литри
Бр. Ротори / Ефективна ширина на апликација: 6 / 7.6 – 9 метри
Манометар: Нема
Максимално време на летот: Нема информација
Капацитет на батеријата во mAh: 22.000 / 1 батерија
Стандардно време на полнење: 30 минути
Препорачана малопродажна цена: $ 27,000

Ова е средната верзија од трите дрона (22 литарски, 16 литарски и 11 литарски земјоделски дрон) која што ги развила американската компанија Hylio. Може да биде опремен со една пумпа која што има способност да обезбеди проток од 8.3 литри во минута или пак со две пумпи каде што протокот може да достигне 16.6 литри во минута. Сите летала се со инсталиран РТК ГПС систем и има можност за вклучување на повеќе летала за побрзо извршување на една иста операција.

 

XPlanet Agricultural

дрон

Производител: XAG (Кина)
Производ: XPlanet Agricultural
Максимален капацитет за носивост: 20 литри
Бр. Ротори / Ефективна ширина на апликација: 4 / 7 метри
Манометар: Нема
Максимално време на летот: 13-15 мин
Капацитет на батеријата во mAh: 18.000
Стандардно време на полнење: 15 минути
Препорачана малопродажна цена: Нема информација

Уште една водечка кинеска компанија во производство на земјоделски дронови го претстави својот 20 литарски дрон кој може автоматски да го надополнува резервоарот. Има 4 перисталтични пумпи кои можат да обезбедат проток од 7.2 литри во минута. Оперативната површина се движи од 2.5 до 4.5 метри, без разлика дали се работи за апликација на средство или гранули. Како новитет се двата 4Д радари кои што се наоѓаат на предната и задната страна и РТК позиционирање што го прави совршено безбеден и прецизен. Исто така истовремено може да се контролираат повеќе дронови одеднаш за побрза ефикасност.

 

Извор и Фото: Misset Uitgeverij B.V.

Категории: Иновации