Сокот „Јана витамин портокал хепи“ се повлекува од хрватскиот пазар

Сокот „Јана витамин портокал хепи“ се повлекува од хрватскиот пазар

Поради можно присуство на трагови на етилен-оксид oд хрватскиот пазар се повлекува напитокот „Јана витамин портокал хепи“, соопшти хрватското Министерство за здравство.

Од министерството прецизираа дека се повлекуваат напитоците во пластични шишиња од 1,5 литри со рок на траење до 13 јануари 2022 година, како и на пластичните пакувања од половина литар, чиј рок е до 20 јануари 2022 година.

Овие производи, кои на пазарот ги пласира компанијата „Јамника плус“ се повлекуваат од продавниците како мерка на претпазливост заради можно присуство на етилен-оксид во овошната база на добавувачот.

Хрватската агенција за земјоделство и храна наведува дека производите не се во согласност со Регулативата (ЕЗ) бр. 1907/2006. Регулатива (ЕЗ) бр. 396/2005 на Европскиот парламент и на Советот од 23 февруари 2005 година за максимално ниво на остатоци од пестициди.

 

Категории: Вести