Производителите на ориз револтирани од ниската откупна цена – Вреќа ориз колку вреќа ѓубре

Производителите на ориз револтирани од ниската откупна цена – Вреќа ориз колку вреќа ѓубре

 

Годинешната откупна цена на оризот ги разлути производителите на ориз. Револтирани се од ниската откупна цена од 20 денари за килограм оризова арпа. Велат не може една вреќа оризова арпа да се продава како една вреќа ѓубре. Бараат загарантирана откупна цена од 25 до 50 денари, во спротивно се заканија дека ќе излезат на масовни протести. Добар дел од минатогодишната реколта е непродаден, а загрижени се и за пласманот на годинешната реколта. Вишокот се пласира каде и да има муштерии – по пазари, по роднини, по пријатели само да не остане.

Оризопроизводителите велат дека околу 60 отсто од ланската реколта е непродаден, а загрижени се и за пласманот на годинашната реколта. Го продаваат кој кај ќе стигне, на пазар, по роднини, пријатели – само да се продаде.

-Околу 60 % од ланскиот ориз стои непродаден во амбарите, а годинава површините под ориз се зголемени за 1.500 хектари, односно производството е зголемено за 50 % во однос на лани. Ова година летото беше многу топло и беше поволно за вегетација на оризот, од друга страна имаше доста дождови кои беа поволни за производство и придонесоа за добар квалитет на оризот. Затоа очекуваме и добра откупна цена, но пласман и годинава оди многу тешко, вели Стојче Тасовски, оризар од с. Облешево.

Оризопроизводителите велат дека трошоците за репроматеријали годинава им се зголемени за 50 %, вештачкото ѓубре, препаратите за прскање… сè е зголемено, а откупната цена на оризот е иста. Бараме таа да биде најмалку 30 денари за килограм оризова арпа за да може да ги покриеме трошоците за производство. Не може една вреќа оризова арпа да се продава како една вреќа ѓубре.

-Откупот оди многу тешко. Исто беше и лани затоа половина од ланската реколта остана непродадена. Немаме загарантиран откуп, па секој се снаоѓа како знае. Оризот го продаваме и на мало и на големо, на пазар, по роднини, пријатели само да се продаде и да дојдеме до некој денар за да може да имаме за наредно производство и за живот, вели Тасовски.

Дел од оризопроизводителите кои не можат да го издржат притисокот од порастот на цените на репроматеријалите и ниската откупна цена на оризот се откажуваат од производство на оваа култура. Велат дека и покрај тоа што на ова подрачје оризот добро вирее, нема заработувачка. Затоа планираат да ги намалат површините посеани под ориз и да засадат други култури.

 

Извор: Вечер

Категории: Вести