ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 со исти цени, ЕУРОДИЗЕЛОТ поефтин за 1,50 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25%.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 ден/кг и сега ќе изнесува 39,181 ден/кг.
Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се зголеми за 1,00 денар, а цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намалат за 1,50 ден/лит. Додека пак, ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 нема да се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.09.2021 година.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,00 ден/лит и 75,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 64,00 ден/лит, односно 62,00 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) .
Слични Новости

Николовски потпиша 900 договори за давање во закуп на државно земјоделско земјиште за површини дo три хектари

Транзиција на прехранбениот систем од традиционалната линеарна во кружна економија како чекор напред за намалување на отпад од храна
