Според предлог-законот за алкохолни пијалоци што го објави Владата на Црна Гора наскоро ќе се забрани продавање на алкохолни пијалаци на рефус. Забраната ќе важи за пазарите и другите јавни површини, како и во угостителски објекти.
Производителите веќе нема да можат да продаваат алкохолни пијалаци во буриња и разни канистри. Исто така, производителите кои ќе ја игнорираат забраната ќе бидат казнети со парична казна од 500 до 20.000 евра.
Покрај тоа, производителите ќе мора да се регистрираат во Регистарот на производители на алкохолни пијалаци пред да продаваат.
Според предлог-законот, овластениот инспектор ќе има дозвола дури и да ги конфискува превозните средства, односно садовите во кои се транспортираат и чуваат алкохолните пијалаци. Инспекторот ќе има дозвола да го забрани производството на алкохолните пијалаци доколку во производството се употребува шеќер, етил алкохол од неземјоделско потекло, како и други средства и супстанции што можат да го зголемат количеството и да ги променат пропишаните природни состојки на алкохолните пијалаци.