Future Skills Center SkillNext – првиот Центар за нови вештини во нашата држава

Future Skills Center SkillNext – првиот Центар за нови вештини во нашата држава

 

 

На Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) Тетово започна да функционира првиот Центар за нови вештини „SkillsNext“ . На модерно опремена површина од 350 m2, се создаде еден инспиративен и инклузивен простор за испорачување најнови знаења и информации за специфичните индустрии и технологии во нашата држава.

Концептот на просторот поддржува соработка и партнерства помеѓу индустријата, јавниот сектор, академската јавност, експертите и работна силата сила од сегашноста и иднината.

–ФИТР е партнер на оваа иницијатива, при што сметаме дека Центарот за идни вештини SkillsNext идеално со вклопува во мисијата на Фондот за иновации и технолошки развој, а тоа е градење и негување на култура на развој, нови трендови, технологии и апликативни решенија подготвени глобално да се вклучат во работни и бизнис процеси. Сакам посебно да го истакнам и регионалниот карактер на Центарот, со отворени можности за регионални соработки и глoбален развој на нашата работна сила, а посебно креирање нов човечки капитал подготвен веднаш да се вклучи на конкурентениот пазар на труд, изјави директорот на ФИТР, Коста Петров.

SkillNext

„Како и насекаде, сведоци сме дека токму недостатокот на квалификувана работна сила со специфични вештини претставува и главен фактор за поголема конкурентност и професионализам на пазарот на трудот. Тоа и беше главната причина за создавање на Центарот чија што главна мисија ќе биде создавање на поквалитетни и подобри работни места и поголема продуктивност на приватниот сектор.“ – потенцираше Постојатниот преставник на Програмата за развој на Обединетите нации во нашата земја, Армен Григорјан.

Амбасадата на Обединетото Кралство ја препозна потребата за поддршка во областа на градење квалификувана работна сила подготвена со нови вештини да се вклучи на пазарот на трудот.

„Се надевам дека Центарот ќе започне и ќе ги негува целите за одржливи градежни методи. Почнувајќи од БИМ (Building Information Modelling) технологијата, за која што е потврдено дека го намалува процентот на отпадните материи и дозволува оптимизација на градежните технологии, преку методи за енергетско предвидување и планирање, па се до практични вештини за работа во полето на енергетста ефикаснот и создавање зелена енергија.“ – подвлече Рејчел Галовеј, Амбасадорка на Обединетото Кралство.

SkillNext

Сите актуелности, новитети и материја за е-учење, како и споделени бизнис информации од регионот ќе бидат поставени и споделени на интерактивната платформа www.skills4future.mk која ќе претставува главна точка за информирање и учење.

Центарот за нови вештини SkillNext e отворен во рамки на проектот „Премостување на јазот кај вештини за создавање на нови и подобри работни места“, поддржан од British Embassy Skopje, South East European University (SEEU), Фонд за иновации и технолошки развој и УНДП.

 

Категории: Вести
Tags: SkillNext