Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,94 %.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,103 ден/кг и сега ќе изнесува 42,827 ден/кг.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит, додека пак цените за ЕУРОСУПЕР БС-95 и за ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 1,00 ден/лит.
Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,50 ден/лит и 78,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98, а пак малопродажната цена за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 69,00 ден/лит.