Tрошоците за живот во септември 2021 година, зголемени за 3,7% во однос на септември 2020 година

Tрошоците за живот во септември 2021 година, зголемени за 3,7% во однос на септември 2020 година

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во септември 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало изнесува 99.5.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 4.4 % и млекото за 0.3 %.

Пораст на индексите на трошоците за живот во септември 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.5 %, пивото за 0.7 %, рибата и морските плодови за 0.4 %, маслото и маснотиите, мебелот и покуќнината за 0.2 %.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај  гасот за домаќинствата за 2.2 %, цврстите горива за домаќинствата за 1.2 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0.8 %, течните горива за домаќинствата, поправките на апаратите за домаќинствата, другите медицински производи за 0.7 %.

Индексот на трошоците на животот во септември 2021 година, во однос на септември 2020 година, бележи зголемување од 3.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.6 %.

 

Извор: ДЗС

Категории: Вести