Tag "земјоделство"
(Видео) 15 роботи за поголема ефикасност во земјоделството
Побарувачката за иновации кои овозможуваат поголема ефикасност во земјоделството постојано расте. Иноваторите и бизнисите одговараат со развој на автономни машини. Една таква машина е и роботот наменет за извршување полјоделски активности. Робот кој ја олеснува работата и, меѓу другото, може да помогне во косење, сеење, ѓубрење и контрола на плевелите. Погледнете ги овие супер-роботи на иднината во следното видео:
(Видео) Цел: Нула Глад
Целите за Одржлив Развој се план за постигнување подобра и поодржлива иднина за сите. Тие се однесуваат на глобалните предизвици со кои се соочуваме, вклучувајќи ја сиромаштијата, нееднаквоста, климатските промени, деградацијата на животната средина, мирот и правдата. Обединетите Нации во својата агенда имаат зацртано 17 цели. Под реден број 2 во агендата е искоренувањето на гладот во Светот (Goal 2: Zero Hunger). По децении на постојан пад, бројот на луѓе кои страдаат од глад – мерено според распространетоста на
(Видео) Користење на нуклеарна наука во борбата со штетници
Повеќе од 50 години во светот се користи техниката на стерилен инсект (Sterile Insect Technique) за сузбивање на штетните инсекти кои можат да го загрозат земјоделското производство. Методата подразбира масовно производство на машки единки од одреден инсект кои со помош на радиоактивни зраци се стерилизираат. Кај таквите инсекти автоматски се спречува создавање на идни генерации. За целосна слика, ви го препорачуваме следното видео: Ова видео е во сопственост на Интернационалната Агенција за Атомска Енергија.
Дали има страв кај земјоделците од скриени трошоци и клаузули во осигурувањето?
Меѓу најчестите грижи кај земјоделците во поглед на финансиските услуги е пред се стравот од можни скриени трошоци и нетранспарентните одлуки. Во голема мера недовербата се должи и на недостигот на информации, но и на нискиот степен на финансиска едукација. Затоа, иако земјоделскиот сектор бележи раст на бројот на склучени полиси за осигурување, има простор за дополнителна покриеност и раст што ќе овозможи и поголема заштита на посевите. Ризици во земјоделското осигурување Осигурувањето на земјоделското производство се смета за
Екс министерот за земјоделство Љупчо Димовски со свој поглед на нештата: Македонија влегува во фазата на гасење на земјоделското производство
Екс министерот за земјоделство Љупчо Димовски, на социјалните мрежи излезе со свое мислење во врска со моменталната ситуација во Македонското земјоделство. Во својот осврт на новиот закон за продажба на земјоделско земјиште тој вели дека со овие непромислени чекори на Владата, Република Македонија влегува во фазата на планирано и постепено гасење на земјоделското производство и производството на прехрамбени производи и дефинитивно ставање на државата во подредена и увозно зависна позиција во елементарното задоволување на пазарот со храна. Според него,
Земјоделците од Струмичко задоволни од откупните цени на пиперката „ајварка”
Во Струмичко деновиве почна бербата и на отворено на пиперката „ајварка” од сортата „куртовска капија”. Иако од отворено се берат мали количини, сепак земјоделците се задоволни од откупните цени. Откупната цена за прва класа пиперка во преработувачките капацитети е од 30 до 35 денари за килограм, а за втората од 20 до 25 денари. Засега освен преработувачите, „ајварката” ја откупуваат и трговците во гајби по цена од 30 до 40 денари за килограм во зависност од квалитетот. Според производителите
Дали институциите во земјоделството ги реализирале капиталните инвестиции?
Институциите за регулација, развој и поддршка на земјоделството во Македонија генерално се над просекот на државните институции според искористеноста на расположливите средства наменети за капитални инвестиции. До крајот на јули годинава за капитални расходи државните институции потрошиле речиси 150 милиони евра од планираните 484 милиони евра. Реализицијата изнесува само 30% односно за повеќе од половина од годината искористени се само една третина од средствата наменети за капитални расходи. Што се капитални инвестиции? Од државниот буџет средствата кои се распределуваат
Германија лидер во производство на компири во ЕУ
Со 21,2 отсто од вкупното производство, Германија e најголем производител на компири во ЕУ во 2020 година. На листата по Германија следуваат Полска (16,4 отсто), Франција (15,7 отстто), Холандија (12,7 отсто) и Белгија (7,2 отсто). Овие пет земји – членки учествуваа со речиси 75 отсто од вкупното производство на компири во ЕУ, се вели во информацијата на Евростат. Покрај извозот и тргувањето со суровини и компири за храна и семиња, ЕУ, исто така, ги обработува своите компири во четири
Иновативен македонски стартап: Работиме на машина за рециклирање на отпад од лозарство и овоштарство
Во Македонија постојат иновативни и храбри претприемачи кои го прифаќаат ризикот и се решаваат за сопствен стартап бизнис. Гоце Јоновски од Росоман, со компанијата ГОТЕХНИК, е еден од нив. Неговата иновативна компанија тестира втор прототип на приклучна машина со контејнер за собирање и дробење на лозови и овоштарски гранки. Целта на примена на овие приклучни машини е да се култивира отпадот кој понатаму може да се третира како енергенс – биомаса. Примената на овие машини ќе значи социо-еколошки и
До 1.000 евра месечно со одгледување на корнишони
Одгледувањето корнишони во Србија е една од најпрофитабилните активности во земјоделството. Пред неколку години нивното масовно производство започна во соработка со германски компании на кои им е потребен овој производ, но го немаат. Земјоделците треба да обезбедат само земја и вода, а сè друго зависи од подизведувачите кои обезбедуваат саден материјал, сигурна поставеност и добра цена. Светлана Новичиќ и нејзиниот сопруг го засадија овој зеленчук за прв пат оваа година, а жетвата е во полн ек. „Ги засадивме пролетта