Дали цените на основните продукти ќе останат замрзнати и по 31 јануари ?

Дали цените на основните продукти ќе останат замрзнати и по 31 јануари ?

 

Мерката за замрзнување на цените на неколку основни прехранбени производи беше донесена во декември, со цел да се заштити стандардот на граѓаните со тоа што ќе се превенира нагло зголемување на цените.

Од Министерството за економија велат дека ќе ги разгледаат најновите статистички податоци за инфлацијата и ќе донесат одлука: дали ќе се прошири списокот на производи со замрзнати цени, или, пак, каква што е и одлуката, „замрзнувањето“ ќе престане да важи на крајот од месецот. Производителите на храна велат дека се на работ на рентабилноста и дека, иако берзанските суровини покажуваат благо намалување, цените на струјата и на гасот продолжуваат да го поскапуваат крајниот производ.

Претседателот на Здружението на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ вели дека сега цените се стабилни, но дека не е оптимист во однос на нивните идни движења.

Цените на лебните жита од Нова година малку се намалија на светските берзи, но растот на цената на струјата и на гасот, постепено ќе доведат до нови поскапувања на лебот и на печивата.  Ако се земе во предвид дека околу 60 проценти од потребите за брашно се задоволуваат од увоз, а некаде 99 отсто од увозот се прави од Србија, каде цената на брашното се зголеми за 10 % Ова поскапување е како резултат на зголемување на цената на струјата.

Во моментов на голем удар во државава се пекарите, токму поради зголемената цена на струјата и на гасот.

Неопходно да продолжи помошта на државата за компаниите, со што ќе се помогне и во однос на одржување на цените и во однос на опстанокот на компаниите, смета Малишиќ.

Според податоците на Државниот завод за статистика забележан е раст на сирењето и на урдата за 0,6 % во декември 2021 година, во однос на декемв ри 2020 година, но претставници на млечната индустрија велат дека засега, дури и да не се замрзнати цените, тие ќе останат исти затоа што куповната моќ на населението не дозволува понатамошен раст на цените.

Во млечната индустирија зголемувањето цената на сточната храна кај одгледувачите на добиток допринесе во зависност од квалитетот на млекото сега се плаќа повисока цена за 10 до 15 % во однос на порано. Влијае и зголемувањето на цената на струјата. На пазарот конкуренцијата е голема, доаѓаат производи од разни земји каде што се водат разни политики во однос на субвенционирањето. Но, ние кратиме секаде каде што можеме за да ги задржиме цените. На крајот цените ги диктира понудата и побарувачката и ние мора да направиме производ што има кој да го купи, а мораме и да бидеме општествено одговорна компанија за да се вклучиме во зачувувањето на стандардот на граѓаните – велат од „Бимилк“.

Во месната индустрија со појавата на свинската чума, може да доведе до уништување на цели фарми. Од Агенцијата за храна најавуваат надоместок на штетата за уништениот добиток. Од друга страна, доведен е во прашање и извозот.  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора го забрани увоз и транзит на пратки со живи домашни и диви свињи, месо и месни производи од домашни и диви свињи од Р.С. Македонија. Сето ова, според познавачите, не само што ќе доведе до промени во цените на свинско месо, туку може да влијае во нагорна линија на цените на сите видови месо.

Мерката за замрзнување на цените на неколку основни прехранбени производи е со ограничен рок до 31 јануари 2022 година, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа. Највисоките цени на производите се утврдувија на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало.

 

Извор: Слободен печат

Категории: Вести