Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски денес се сретна со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. На средбата присуствуваа и заменик директорот на АХВ Бесник Елези и првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски.
На средбата директорот Бабовски го информира министерот за актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите, за преземените мерки и мерките кои треба да се преземат за заштита на животните и справување со болеста во идниот период. Се разговараше и за нови мерки за дополнително субвенционирање на земјоделските стопанства кои применуваат повисока категорија на безбедно производство.
Категории:
Вести