(Видео) Овој робот за берба на јаболко ќе ја намали потребата од сезонски берачи

(Видео) Овој робот за берба на јаболко ќе ја намали потребата од сезонски берачи

 

Бербата на јаболкото во Преспанскиот регион е во полн ек. Секоја година околу бербата се јавуваат низа предизвици. Оваа година актуелно беше прашањето поврзано со сезонските берачи од соседна Албанија кои бараа поголеми дневници од ланските. Една од вечните теми е недостатокот на ладилници за понатамошно складирање на набраните плодови.

Временските услови се посебна болка кај овоштарите од овој регион. Преспанските овоштари покрај справување со последиците од климатските промени бараат и подобро справување со појавата на град, која секоја година му наштетува на јаболкото.

Кога веќе зборуваме на тема сезонски берачи на јаболка и поголемите дневници, да видиме до каде се стигнати иновациите во овоштарството во областа на бербените активности на јаболкото. Роботите се веќе нормална глетка во овоштарниците ширум светот.

Во следните две видеа можете да видите еден робот кој ја намалува потребата од човечки фактор при берба на јаболкото:

 

 

Категории: Вести, Иновации