Германија лидер во производство на компири во ЕУ

Германија лидер во производство на компири во ЕУ

 

Со 21,2 отсто од вкупното производство, Германија e најголем производител на компири во ЕУ во 2020 година. На листата по Германија следуваат Полска (16,4 отсто), Франција (15,7 отстто), Холандија (12,7 отсто) и Белгија (7,2 отсто).

Овие пет земји – членки учествуваа со речиси 75 отсто од вкупното производство на компири во ЕУ, се вели во информацијата на Евростат.

Покрај извозот и тргувањето со суровини и компири за храна и семиња, ЕУ, исто така, ги обработува своите компири во четири главни типа на производи: замрзнат компир (главно помфрит), подготвен или конзервиран компир (најчесто чипс), сушен компир и скроб од компир.

Вкупната вредност на производството на компири од ЕУ достигна 9,1 милијарди евра во 2019 година, или 1,6 отсто од вредноста на производството на целата европска прехранбена индустрија. Замрзнатиот чипс и крцкавиот приготвен чипс беа најзначајните производи од компир во однос на производствената вредност.

 

Категории: Вести